Корисничко име Лозинка Пријави се
12.4.2016

Хетафе го отпушти Ескриба

Шпанскиот прволигаш Хетафе донесе одлука да го отпушти тренерот Фран Ескриба поради слабите резултати во Примера.

Хетафе се наоѓа на претпоследната позиција само шест кола пред крајот на шампионатот, има освоено 28 бодови и само два бода го делат од Гранада која се наоѓа на линијата која носи опстанок во лигата.
Челниците на Хетафе сметаат дека смената на тренерот може да го разбуди тимот во финишот на сезоната, заменик на клупата сè уште не е именуван, но најверојатно тоа ќе се случи во следните два дена бидејќи овој викенд Хетафе на домашен терен ќе го пречека Реал Мадрид. Раководството на клубот оваа одлука ја донесе по последните два порази на Хетафе од Вилјареал и од Рајо Валјекано. 

Најнови вести