Корисничко име Лозинка Пријави се
05.1.2015

Кике Санчес Флорес на клупата на Хетафе

Шпанскиот фудбалски прволигаш Хетафе за нов тренер го постави Кике Санчес Флорес на местото на Романецот Космин Контра, кој го презеде кинескиот Гвангжу.

На Флорес ова му е втор пат да го води Хетафе, по сезоната 2004/05.
Четириесет и деветгодишниот Флорес од септември 2013 година го водеше Ал-Аин од Обединетите Арапски Емирати, а претходно беше тренер на Валенсија и на Атлетико.
Хетафе, кој вчера на домашен терен изгуби од Рајо Валјекано со 2-1, моментно се наоѓа на 14-тото место на табелата, со 17 бодови од 17 натпревари.

Најнови вести