Корисничко име Лозинка Пријави се
03.11.2012

Најбогатиот човек на светот сака да го купи Хетафе

Мексиканскиот милијардер Карлос Слим, за кој се смета дека е најбогат човек на светот, наводно решил да купи шпански прволигаш, а шпанските медиуми шпекулираат дека изборот паднал на Хетафе.

Шпекулациите се дека Слим веќе ги направил првите чекори за купување на клубот од мадридското предградие. Претседателот на Хетафе, Анхел Торес веќе подолго време бара купувач кој би го преземал сопствеништвото и би ги санирал долговите, а се чини дека најпосле и го пронашол, во Карлос Слим.
Мексиканскиот магнат веќе ги почнал преговорите, а договорот би можел да биде финализиран во следните денови, наведуваат шпанските медиуми и додаваат дека Слим е голем фан на шпанскиот фудбал и дека цел му е да го претвори Хетафе во еден од најуспешните европски клубови.
Парите за него не се проблем, а во следните денови се очекува потврда дали овие шпекулации ќе се овистинат и дали Хетафе ќе ја почне трансформацијата во голем клуб кој ќе се бори за трофеи во Шпанија и во Европа.

Најнови вести