Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2012

Хут во болница со менингитис

Одбранбениот фудбалер на Стоук, Роберт Хут, е примен во болница поради сомневања дека има менингитис, соопшти неговиот клуб.

Германскиот стопер префрлен е во болница завчера откако му се појавија симптомите на болеста.
„Ова е многу загрижувачки за нас, но најважна работа во моментов е неговото здравје. Се надевам дека набргу ќе имаме повеќе информации за неговата состојба“, изјави менаџерот на Стоук, Тони Пулис.
Фудбалерите на Стоук беа на подготовки минатата недела во Соединетите Американски Држави.
„Лошо се чувствуваше пред поаѓањето дома, а состојбата му се влошила за време на викендот“, додаде Пулис.
Во соопштението на Стоук се вели дека дополнителните тестови ќе покажат колку долго ќе трае оздравувањето на фудбалерот. Новата сезона во Премиер лигата почнува на 18 август, а Стоук во првото коло ќе игра против Ридинг.

Најнови вести