Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2012

Овен една година во Стоук

Триесет и двегодишниот Мајкл Овен потпиша едногодишен договор со англискиот фудбалски премиерлигаш Стоук, објави клубот на својата официјална интернет-страница.

Овен својата репутација ја стекна во Ливерпул, по кого потпиша за Реал Мадрид, а потоа за Њукасл, пред да заврши во Манчестер јунајтед. Откако управата на „црвените ѓаволи“ не му понуди нов договор на крајот на минатата сезона, поранешниот репрезентативец стана слободен играч на пазарот, а шансата да го ангажира ја искористи Тони Пулис, менаџерот на Стоук.
Кариерата на Овен ја обележаа многу повреди поради кои почна само во еден натпревар на Премиер лигата во последните две сезони.
Овен во својата кариера постигна 221 погодок во 473 настапи за клубовите, додека во националниот дрес постигна 40 голови во 89 средби. Највпечатлив натпревар за „трите лавови“ дефинитивно ќе остане оној против Германија, кога во победата од 5-1 постигна хет-трик.

Најнови вести