Корисничко име Лозинка Пријави се
05.2.2013

Мајорка го отпушти Капарос, Манцано нов тренер

Шпанскиот фудбалски прволигаш Мајорка го отпушти тренерот Хоакин Капарос поради лошите резултати во националниот шампионат, а на негово место го ангажираше Грегорио Манцано.

Клубот од Балеарските Острови во неделата изгуби со 3-0 на гостувањето кај Реал Сосиедад во Сан Себастијан, што е негов 13-ти пораз оваа сезона, така што се наоѓа во зоната за испаѓање само со 17 бодови од 22 натпревари во Примера лигата.
„Беше многу тешко да ја донесеме оваа одлука, но ние мора да најдеме начин во продолжението на сезоната да го сочуваме местото во елитната конкуренција“, изјави Лорензо Сера Ферер, претседателот на Мајорка.
 Денеска стигна и официјална потврда дека клупата ја презема Грегорио Манцано, кој во 2003 година ја водеше Мајорка до освојувањето на првиот и единствен трофеј на Кралскиот куп.

Најнови вести