Корисничко име Лозинка Пријави се
15.1.2014

Холт на заем во Астон вила

Англискиот фудбалски клуб Астон вила го доведе на заем Грант Холт од Виган до крајот на сезоната.

Пол Ламберт, менаџерот на Астон вила, веќе го тренираше англискиот напаѓач во Норвич во сезоната 2010/11, кога 32-годишниот Холт со 21 гол му помогна на својот тим да влезе во Премиер лигата.
Оваа сезона Холт постигна само два погодоци за тимот на Виган, а со оглед на тоа дека на Ламберт му фалат напаѓачи по повредата на Козак, не е тешко да се разбере нивната нова соработка.
„Понудата за Холт беше премногу добра за да ја одбиеме“, изјави Уве Рослер, менаџерот на Виган, и нагласи дека на оваа одлука, исто така, влијаело и тоа што сакале да отстранат еден од најплатените играчи на списокот.

Најнови вести