Корисничко име Лозинка Пријави се
09.6.2014

Мартич веќе не е тренер на МЗТ Скопје

Словенечкиот тренер Зоран Мартич ја прекина соработката со МЗТ Скопје, објави шампионот на Македонија на својот профил на „Фејсбук“.

„МЗТ Скопје наскоро ќе добие нов тренер, Зоран Мартич го напушти македонскиот шампион“, стои во соопштението на клубот од Аеродром.
Пред пет дена МЗТ Скопје со Мартич ја освои третата шампионска титула, а сезонава го освои и Купот на Македонија.
Мартич на тренерската позиција на МЗТ беше поставен два месеци пред почетокот на минатата сезона, на местото на Влада Вукоичиќ. Во АБА-лигата со клубот од Аеродром имаше осум победи и осум порази, а во последното коло ја пропушти шансата да го освои шестото место и со тоа да обезбеди настап во Еврокупот.
Неодамна на официјалната интернет-страница на МЗТ Скопје беше објавено дека Мартич потпишал нов двегодишен договор со клубот, па раскинувањето на соработката е вистинско изненадување.

Најнови вести