Корисничко име Лозинка Пријави се
16.10.2014

Сагадин доби отказ, Врбица Стефанов нов тренер на МЗТ Скопје

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје ја раскина соработката со досегашниот тренер Змаго Сагадин, а за нов шеф на стручниот штаб го именува Врбица Стефанов, еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња.

Словенецот Сагадин и МЗТ Скопје ја прекинаа соработката по вчерашниот пораз од Фени индустри (80-73) во првото коло од домашниот шампионат. Во АБА-лигата МЗТ со Словенецот имаше една победа (против Задар) и два порази (против Мега Визура и Будуќност).
По разделбата со Сагадин, челниците на МЗТ веднаш го побарале поранешниот репрезентативец Стефанов, кој ја прифатил понудата за соработка.
Стефанов на почетокот на тренерската кариера своето прво деби ќе го има во сабота, кога МЗТ Скопје го дочекува Солнок од Унгарија.

Најнови вести