Корисничко име Лозинка Пријави се
05.1.2015

Митев веќе не е тренер на МЗТ Скопје

По синоќешниот пораз на МЗТ Скопје од Будуќност, тренерот Боби Митев поднел оставка, а раководството на клубот ја прифатило.

По лошата серија на МЗТ Скопје во АБА-лигата, тренерот Митев изјави дека не е задоволен од играта на своите кошаркари и дека ќе го напушти кормилото на клубот. Според неофицијални извори, тој синоќа поднел оставка, а таа била прифатена од раководството на клубот, кое сега е во потрага по нов, четврти тренер на екипата на МЗТ.
Денес се очекува клубот официјално да потврди дека тренерот Боби Митев си заминал од МЗТ.
Пред Митев, оваа сезона тренерската позиција на МЗТ ја напуштија Змаго Сагадин и Врбица Стефанов.

Најнови вести