Корисничко име Лозинка Пријави се
03.11.2014

Официјално: Стојановски се врати во МЗТ Скопје

Дамјан Стојановски од денес официјално се врати во македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје.

Македонскиот репрезентативец потпиша нов договор со клубот од Аеродром со важност до крајот на сезоната.
Стојановски веднаш ќе почне да тренира со МЗТ и се очекува дека ќе биде големо засилување за претстојното дерби со Работнички, кое се игра во среда.
Тој е трето засилување за МЗТ Скопје, откако минатата недела за македонскиот шампион потпишаа Црногорецот Сеад Шеќовиќ, кој исто така повторно се враќа во клубот, и Американецот Дион Диксон.

Најнови вести