Корисничко име Лозинка Пријави се
25.6.2014

Сагадин е нов тренер на МЗТ Скопје

Нов тренер на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје е Словенецот Змаго Сагадин. Искусниот стручњак синоќа го потпиша договорот со шампионот на Македонија.

Уште откако замина Зоран Мартич, Сагадин беше главен фаворит на раководството на МЗТ, па по интензивните преговори што се водеа последните денови, двете страни се договорија околу деталите за двегодишната соработка.
„Раководството на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром информира дека е договорена соработка со словенечкиот стручњак Змаго Сагадин да биде предводник на македонскиот шампион во наредните две сезони. Сагадин (61) се смета за најуспешен словенечки тренер со 25 освоени титули на домашно и интернационално ниво, а девет пати беше избран и за тренер на годината во Словенија. Во својата кариера Змаго Сагадин бил тренер на Целје, Марибор, Унион Олимпија, Сплит, Црвена ѕвезда, Литвос Ритас, Анвил, Задар, додека од 1992 до 1995 година беше и селектор на репрезентацијата на Словенија. Во МЗТ Скопје Аеродром доаѓа од екипата на Хелиос, со која минатата сезона го освои третото место“, пишува во соопштението на официјалната интернет-страница на МЗТ Скопје.


Најнови вести