Корисничко име Лозинка Пријави се
18.7.2015

Лорбек директор на АБА, Билиќ спортски директор

АБА лигата од есен ќе изгледа поинаку од претходните години, но на нејзино чело и понатаму ќе биде Радован Лорбек, кој е именуван за директор на натпреварувањето.

Лорбек досега беше претседател на Јадранската лига, а на состанокот на клубовите во Подгорица се избрани останатите челници. Јосип Билиќ ќе биде спортски директор на лигата, додека Алеш Камникар ќе ја извршува функцијата комесар, кој ќе биде задолжен за делегирање на судиите.
Во новоформираното натпреварување, чии сопственици се клубовите учесници, функција од минатите челници единствено нема Роман Лисац, кој беше генерален менаџер на лигата.
На состанокот во Подгорица сите одлуки биле донесени едногласно, а не беа присутни само претставниците на Партизан и Игокеа.
Одлучено е дека АБА лигата во новата сезона ќе брои 14 клубови - четири од Србија (Црвена ѕвезда, Партизан, Металац и Мега Лекс), три од Хрватска (Цедевита, Цибона и Задар), два од Словенија (Тајфун и Крка), односно по еден од Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора (Игокеа, МЗТ Скопје и Подгорица).
Олимпија е додадена како 13ти учесник, додека последниот клуб ќе биде познат по квалификацискиот турнир. Право на учество на квалификацискиот турнир имаат четвртопласираниот тим на хрватското првенство и вицешампионите на Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора.

Најнови вести