Корисничко име Лозинка Пријави се
23.2.2016

Билбао месец дена без Вилијамс

Крилниот фудбалер на Ателтик Билбао Ињаки Вилијамс ќе паузира месец дена поради повреда на глуждот.

Талентираниот напаѓач се повреди минатиот викенд во поразот од Реал Сосиедад во баскиското дерби на „Сан Мамеш“ (1-0).
Вилијамс го свитка глуждот, но тестовите покажаа дека ќе мора да замине на подолга пауза поради истегнатите лигаменти.
Тој ќе го пропушти реванш натпреварот во шсенаестфиналето во Лигата на Европа, но и натпреварите со Валенсија, Спортинг, Депортиво, Бетис и Еспањол во Примера, како и потенцијалниот двоен натпревар во осминафиналето во Лигата на Европа.
Вилијамс минатата сезона стана дел од првиот тим на Билбао, а оваа сезона експлодираше со 12 голови на 26 натпревари.
Во јануари за него се распрашуваа Манчестер јунајтед и Ливерпул, но го продолжи договорот до летото 2021 година и има откупна клаузула од 50 милиони евра.
Билбао е во моментов осми во Примера со 36 бодови од 25 кола, на две места од позицијата која води во Лигата на Европа, 13 од квалификациите за Лигата на шампионите.

Најнови вести