Корисничко име Лозинка Пријави се
02.3.2012

Верон и Креспо под истрага поради проневера на пари

Двајца аргентински фудбалери се осомничени дека од Парма изнеле голема сума пари кога банкротира тој клуб.

Вкупно единаесет поранешни фудбалери на Парма, меѓу кои се: Ернан Креспо, Хуан Себастијан Верон и Фаустино Асприлја, се осомничени дека учествувале во банкротот на клубот и проневериле пари.
Италијанските медиуми пренесуваат дека единаесетте фудбалери ќе бидат под истрага во врска со случувањата во Парма во периодот меѓу 1992 и 2003 година.
Оваа истрага има поврзаност со фирмата „Пармалат“, која тогаш беше главен спонзор на Парма и која замина во стечај во 2003 година.
Според обвинувањата на јавниот обвинител Паоло дел Монте, за овие матни работи проневерено се околу четиринаесет милиони евра по пат на лажни рекламни договори.
Освен горенаведените фудбалери, под истрага, исто така, се: Христо Стоичков, Лилијан Турам, Томас Бролин, Луиџи Аполони, Лоренцо Миноти, Енрико Кјеза, Дино Баџо и Масимо Крипа.

Најнови вести