Корисничко име Лозинка Пријави се
16.11.2015

Амави нема да игра до крајот на сезоната

Новиот менаџер на Астон Вила, Реми Гард, се соочи со големи проблеми, бидејќи неговиот земјак Жордан Амави е повреден и нема да може да игра до крајот на сезоната.

Амави ги икина лигаментите на десното колено играјќи за младата репрезентација на Франција против Северна Ирска.
Од доаѓањето во Астон Вила ова лето дваесет и едногодишниот лев бек прерасна во еден од најстандардните играчи на тимот, одигрувајќи 12 меча на сите натпреварувања.
Астон Вила во моментов е последна на табелата на Премер лигата, со само пет бода на 12 натпревари.

Најнови вести