Корисничко име Лозинка Пријави се
15.3.2016

Ленон го напушти Болтон

Нил Ленон го напушти Болтон со обострана согласност со управата на клубот.

„Болтон може да потврди дека клубот се раздели со менаџерот, Нил Ленон со обострана согласност. Сите во Болтон сакаме да му се заблагодариме на Нил за сето она што го допринесе за времето додека беше во клубот. Менаџерот на академијата Џими Филипс ќе ја преземе надлежноста над првиот тим, но само привремено “, беше наведено во соопштението на клубот.
Некогашниот фудбалер и тренер на Селтик го презема Болтон во октомври во 2014 година и по успешниот почеток на кариерата доживеа сега да се бори за опстанок.
Во текот на фудбалската кариера најдобро се покажа во Селтик, а играше и за Манчестер сити, Лестер, Кру, Нотингам форест и Викомб.

Најнови вести