Корисничко име Лозинка Пријави се
13.10.2014

Нил Ленон нов тренер на Болтон

Нил Ленон, поранешниот тренер на Селтик, е именуван за нов тренер на англискиот второлигаш Болтон, соопштено е вчера.

Четириесет и тригодишниот Ленон е без работа откако на крајот на минатата сезона си замина од Селтик.
Тој на клупата на Болтон ќе го замени Даги Фридмен, кој на почетокот на месецов договорно ја раскина соработката со клубот.
Како што соопшти Болтон, во стручниот штаб на Ленон ќе работат Јохан Мјелби и Гери Паркер.
Ленон од 2010 до 2014 година го предводеше Селтик, со кого освои три шампионски титули во Шкотска и две на Купот.
По 11 натпревари во Шампионат лигата, Болтон се наоѓа на последното 24-то место со пет бодови.

Најнови вести