Корисничко име Лозинка Пријави се
16.3.2017

Каранка го напушти Мидлсборо

Шпанскиот стручњак Ајтор Каранка веќе не е менаџер на Мидлсборо, по взаемната согласност меѓу тренерот и клубот за прекин на соработката.

Раскинувањето на соработката следуваше по очајните партии на премиерлигашот, кој на претходните десет натпревари не оствари победа во англиското првенство. Мидлсборо моментно е на претпоследното 19-то место во Премиер лигата со 22 бода, додека полош е само Сандерленд, кој има три помалку.
Каранка во Мидлсборо стигна во 2013 година, додека екипата беше член на Шампионат лигата, а пласман во Премиер лигата обезбеди минатата сезона, од второто место во второлигашкото друштво.
„Сакам да ѝ се заблагодарам на управата на Мидлсборо за одличната шанса што ми беше укажана, како и на играчите, на стручниот штаб и на луѓето во клубот со коишто работев. Исто така, сакам да им се заблагодарам и на навивачите за поддршката“, изјави Шпанецот на разделбата.
Додека Мидлсборо не одлучи кој ќе биде нов менаџер, првиот тим ќе го води Стив Ењу, досегашниот асистент на Каранка.

 

Најнови вести