Корисничко име Лозинка Пријави се
13.11.2013

Каранка нов менаџер на Мидлсборо

Младиот фудбалски стручњак Ајтор Каранка (40) е именуван за нов менаџер на англискиот второлигаш Мидлсборо.

Поранешниот стопер на Реал Мадрид и поранешен помошник на Жозе Мурињо во клубот ќе го менува Тони Мубреј на клупата на англиската екипа, чие место е празно уште од октомври.
„Ова е многу важен ден за мене. Ова ми е прва самостојна тренерска работа, и тоа во голем клуб, со квалитетен стадион, услови за работа и фантастични навивачи“, изјави Каранка на претставувањето.
„Дојде моето време. Три сезони бев помошник на Жозе Мурињо и секој ден со него учев. Тој е најдобар и од него можете да научите апсолутно сè. Тој е „Единствениот“, додаде Каранка.
Каранка го презема Мидлсборо во моментот кога клубот се наоѓа на 16-то место на првенствената табела со 16 бодови од 15 одиграни натпревари.

Најнови вести