Корисничко име Лозинка Пријави се
20.4.2012

Хелмес и Манџукиќ под знак прашалник за Мајнц

Феликс Магат, тренерот на Волфсбург, мака мачи со составувањето на својот напад за дуелот од триесет и второто коло од Бундеслигата, кога гостува кај Мајнц.

Патрик Хелмес и Марио Манџукиќ не тренираа во текот на првите два дена од оваа седмица и се под знак прашалник за настап.
Хелмес има проблеми со повредата на препоните, додека Манџукиќ со повредата на глуждот.
„Се надевам дека и двајцата ќе бидат подготвени до петок“, кратко изјави Магат по последниот тренинг на неговиот тим.
Освен со напаѓачите, Магат има проблеми и со фудбалерите од одбранбената линија, каде што поради повреди надвор од натпреварувачки ритам се Александер Мадлунг и Марко Рус.

Најнови вести