Корисничко име Лозинка Пријави се
20.11.2014

Мекеј на клупата на Виган

Шкотскиот тренер Малки Мекеј денес е именуван за нов шеф на стручниот штаб на фудбалерите на Виган, кој се натпреварува во англиската Шампионат лига.

„Тој е човекот кој ќе нè врати во Премиер лигата, уверен сум во тоа. Тој веќе го работеше тоа, а и добро ја познава оваа лига“, изјави Дејв Вилан, претседателот на Виган.
Мекеј беше надвор од фудбалот уште од декември минатата година, кога доби отказ во Кардиф, а на клупата на Виган ќе го замени Уве Реслер.
Виган минатата сезона испадна од Премиер лигата и сега се натпреварува во Шампионат лигата.
По 17 одиграни кола, Виган се наоѓа дури на 22-рото место на табелата со 16 освоени бодови.

Најнови вести