Корисничко име Лозинка Пријави се
08.4.2015

Гери Колдвел на клупата на Виган

Англискиот фудбалски второлигаш Виган за нов тренер го именува Гери Колдвел, откако го отпушти Малки Мекеј.

„Со воодушевување ја известуваме јавноста дека клупскиот капитен Гери Колдвел е новиот тренер“, соопшти Виган.
Колдвел од 2010 до 2014 година настапи 111 пати за Виган, но нема играно од мај минатата година поради повреда на колкот.
„Сакав кога-тогаш да преминам во тренери, но не очекував дека тоа ќе се случи толку рано. Почестен сум и возбуден“, изјави Колдвел за британските медиуми.
Виган по 41 одигран натпревар, се наоѓа на претпоследното место на табелата на англиската втора лига, Шампионат лига, со 35 бодови, осум помалку и натпревар помалку од Фулам, кој се наоѓа на местото кое обезбедува опстанок.

Најнови вести