Корисничко име Лозинка Пријави се
15.6.2013

Овен Којл ќе го води Виган во Лигата на Европа

Победникот на англискиот ФА куп, Виган, го именуваше Овен Којл за нов менаџер и наследник на Роберто Мартинез кој го презема Евертон.

Виган оваа сезона испадна од англиската Премиер лига, но благодарејќи на сензационалниот триумф над Манчестер сити во финалето на ФА купот избори пласман во Лигата на Европа.
„Од сите тренери кои беа кандидати, Којл беше најдобар. Своевремено го внесе Барнли во Премиер лигата, па верувам дека и нас ќе нè врати во највисок ранг“, изјави сопственикот на Виган, Дејв Вилан.
Пред Барнли, Којл беше менаџер на шкотските клубови Фалкирк и Сент Џонстон, а последниот ангажман го имаше во Болтон кој го водеше од 2010 до 2012 година.

Најнови вести