Корисничко име Лозинка Пријави се
02.12.2013

Се разделија Виган и тренерот Којл

Англискиот второлигаш Виган и тренерот Овен Којл договорно ја раскинаа соработката.

Којл пред шест месеци го презеде Виган, но клубот моментно се наоѓа на 14-тото место на табелата на Шампионат лигата, англиската втора лига, по три последователни порази на домашен терен.
Виган вчера изгуби од Дерби со 1-3, и тоа беше негов четврти пораз во последните пет натпревари.
„Претседателот на Виган Дејв Вилан и Овен Којл донесоа одлука да ја прекинат соработката. Тие се согласија дека тоа е во интерес на двете страни“, се наведува во соопштението на Виган.
Којл во јуни на клупата на Виган го замени Роберто Мартинес, а негова задача беше да го врати клубот во Премиер лигата. Под негово водство Виган во 23 натпревари победи само седум пати.
На претстојниот натпревар против Лидс, Виган ќе го предводи тренерот во стручниот штаб Грем Бароу и помошниот тренер Сенди Стјуарт.

Најнови вести