Корисничко име Лозинка Пријави се
11.7.2016

Розберг трет на Силверстоун

Возачот на Мерцедес Нико Розберг е казнет со десет секунди на Силверстоун, па поради тоа падна на третата позиција.

Германецот е казнет поради недозволената радио асистенција на својот тим во текот на неделната трка.
Тоа се случи во завршницата кога Розберг имаше проблеми со менувачот, а Мерцедес брзо реагираше и му јави како да го реши проблемот.
Тоа му овозможи на Розберг да ја заврши трката, но е казнет и наместо второто го освои третото место, додека пак напредуваше Макс Ферстапен.
Ова ја менува ситуацијата и во генералниот пласман, Розберг и понатаму е лидер, но сега има само бод повеќе од Луис Хамилтон.
Следната трка ќе се вози во Унгарија на 24-ти јули.

Најнови вести