Корисничко име Лозинка Пријави се
11.4.2013

Претепан голманот на Стеауа

Разван Станча, голманот на најтрофејниот романски фудбалски клуб Стеауа, беше претепан од навивачи на ривалот Рапид Букурешт, пренесуваат романските медиуми.

Искусниот чувар на мрежата го нападнале пет навивачи на градскиот ривал, му скршиле прст на раката и му нанеле уште некои полесни повреди, поради што ќе паузира најмалку еден месец.
Станча не сакал да дава изјави по повод овој инцидент, а од полицијата соопштија дека истрагата е во тек.
Тој кариерата ја почна во Спортул, а потоа играше за Фарул, Дачија, Пандури, Универзитатеа Крајова, а два пати во текот на кариерата беше член на Стеауа, додека за репрезентацијата на Романија одигра еден натпревар.

Најнови вести