Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2012

Класниќ потпиша едногодишен договор за Мајнц

Германскиот фудбалски прволигаш Мајнц е новиот клуб на 32-годишниот напаѓач Иван Класниќ. На Хрватот Мајнц му е трет германски клуб во кариерата, по Сент Паули и Вердер Бремен.

„Имав многу понуди, но шансата во Мајнц и играњето во Бундеслигата најмногу ме интересираа“, рече Класниќ, кој со Мајнц потпиша едногодишен договор.
„Веднаш ќе почнам со тренинзите и враќањето во форма за да ѝ помогнам на својата екипа многу брзо“, додаде хрватскиот напаѓач, кој, наводно, на масата имал понуди од Ла Коруња, Ливерпул и Газијантеп.
Во Мајнц на доведувањето на Класниќ се одлучија откако не успеаја да го ангажираат Адријан Рамос.
„Баравме искусен напаѓач кој ја познава Бундеслигата за да го засилиме нашиот млад напад. Тоа го видовме во Иван Класниќ, кој ги демонстрираше своите квалитети, особено постигнувањето голови, во претходните клубови“, рече Кристијан Хајдел, менаџерот на Мајнц.
На Класниќ Мајнц ќе му биде петти клуб во кариерата. Покрај за споменатите Сент Паули и Вердер, играше уште за Нант и Болтон, а последната бундеслигашка епизода ја имаше во 2008 година во Вердер.

Најнови вести