Корисничко име Лозинка Пријави се
17.2.2015

Мајнц го отпушти Хјулманд, Шмит нов тренер

Германскиот фудбалски клуб Мајнц соопшти дека по серијата лоши резултати, го сменил досегашниот тренер Каспер Хјулманд.

Мајнц го смени данскиот стручњак само четири дена по поразот од Борусија Дортмунд со 4-2 и на негово место го постави тренерот на резервниот тим Мартин Шмит.
„Екипата во последните 13 натпревари оствари само една победа и моравме да направиме некои измени. Одлуката беше тешка, но имаме доверба во Шмит“, изјави директорот Кристијан Хедел.
Мајнц се наоѓа на 14-тото место на табелата на Бундеслигата со 22 бода, еден повеќе од Херта и од местото кое води во втората лига.

Најнови вести