Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2014

Мајнц има нов тренер

Данскиот фудбалски тренер Каспер Хјулманд ќе го замени Томас Тухел на клупата на Мајнц. Тој потпиша тригодишен договор со тимот на германскиот клуб.

„Клубот совршено ѝ одговара на мојата фудбалска филозофија и затоа одлуката да преминам на кормилото на Мајнц ја донесов со срце“, изјави Хјулманд.
Четириесет и двегодишниот Хјулманд, кој во 2011 е избран за тренер на годината во Данска, на клупата на Мајнц ќе дојде од данскиот суперлигаш Нордсјиланд, со кого ја освои шампионската титула во 2012 година, како и место во Лигата на шампионите.
„Хјулманд одлично одговара на профилот на тренер каков што бараме“, изјави Кристијан Хајдел, менаџерот на Мајнц и додаде дека Данецот е вистински претставник на напаѓачкиот стил на играње.
Хјулманд го презема тимот по одлуката на Тухел од минатата недела да ја раскине соработката со клубот со кого има договор уште на една година. Мајнц се наоѓа на седмото место во Бундеслигата, што значи дека ќе игра во Лигата на Европа следната сезона.

Најнови вести